Дете на 16-годишна возраст загина додека негов брат близнак и други шест други се повредени откако утрово на автопатот Нови Сад – Белград, се преврте комбе што превезувало осум малолетни членови на џудо-клубот „Партизан“ од Белград. Повредените момчиња се хоспитализирани.
Повредените деца се на возраст од 13, 15 и 16 години, а меѓу повредените е и возачот на комбето (43), кој бил пренесен во Централната болница Војводина со бројни повреди. Алкотестот утврдил дека возачот на комбето не бил под дејство на алкохол, соопшти МВР.
– Сите седум деца се хоспитализирани, две се на интензивна нега, пет момчиња на одделение. Сите се стабилни, исклучок е детето кое беше примено на интензивна нега со обемна повреда на цервикалниот ‘рбет, и беше транспортирано во Белград во Клиничкиот центар на Србија. Друго е на интензивна нега, откако му беа санирани раните под општа анестезија, е добро и не е витално загрозено. Другите пет деца се на одделенија, со стабилни витални параметри и нивните животи не се во опасност – изјави Милош Пајиќ, раководител на Институтот за здравствена заштита на деца и млади на Војводина.



































