Бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јави БГНЕС.
Претходно, ГЕРБ и бугарските медиуми објавија дека полиција го привела поранешниот премиер Борисов.
Во Бугарија во голема заедничка операција со Европското јавно обвинителство се проверуваат 120 досиеја.
Бугарските медиуми јавија дека се приведени Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова.
– Никој не е над законот – напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.
Во меѓувреме бугарски медиуми објавија дека се забележани собири на приврзаници на на ГЕРБ.