Бугарија ќе престане да увезува сурова нафта од Русија од 1 март следната година, иако има посебна дозвола од Брисел да продолжи со тоа до 1 октомври.
Вчерашната одлука на парламентот беше протуркана од прозападното владејачко мнозинство и со неа се става крај на извозот на производи од руска сурова нафта од 1 јануари.
Новите правила главно ќе влијаат на рафинеријата „Лукоил Нефтохим“ во мнозинска сопственост на Русија, што се наоѓа западно од бугарскиот пристанишен град Бургас на Црното Море.
Исклучокот од Брисел за увоз на руска нафта досега ја немаше наведено рафинеријата да се префрли на алтернативни добавувачи.
Забраната за увоз на сурова нафта од Русија ќе го спречи Лукоил, а со тоа и Кремљ, од дополнителни профити за финансирање на воените операции во Украина, изјави Дељан Добрев, шеф на парламентарната комисија за енергетика.
Руската нафтена компанија „Лукоил“ извести дека ќе ја разгледа својата стратегија во Бугарија поради променетото деловно опкружување, вклучително и потенцијална продажба на рафинерија и бензински пумпи во Бугарија.
Рафинеријата за нафта, која работи од 1963 година, е најголема во Југоисточна Европа, а е приватизирана во 1999 година.