Загрепската полиција добила дојава дека лице кое сака да се убие се наоѓа во зградата во која живее поранешната хрватска претседателка, пренесуваат локалните медиуми.
Две антитерористички единици, тешко вооружени и со кучиња, влегле во зградата, пишува „24сата.хр“ и додава дека на терен се најмалку 10 возила, односно дека местото е полно со полиција.
Според еден читател, по другите околни згради биле распоредени и снајперисти.
Хрватските медиуми дошле и до сознанија дека поранешната хрватска претседателка во моментов не е во зградата, бидејќи волонтира во Петриња, град кој изминатиот период беше погоден од серија земјотреси. Во станот не е ни нејзиното семејство.