Ние сме за тоа Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро, изјави лидерот на бугарската партија Демократи за силна Бугарија (ДСБ), Атанас Атанасов, пренесува МИА.
Коментирајќи ја изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков дека руски агенти работеле против добрите односи меѓу Македонија и Бугарија, Атанасов за телевизијата БТВ нагласи дека руските служби работат со полн капацитет во сите земји во регионот за да ги спречат државите од Западен Балкан да влезат во ЕУ.
– Треба да се размислува рационално – ние сме за тоа Македонија и Албанија да влезат во ЕУ што е можно поскоро- додаде Атанасов, чија ДСБ е дел од блокот Демократска Бугарија, една од членките на бугарската владина коалиција.