Турција
Турскиот парламент се подготвува да ги ратификува воените рамковни договори потпишани со Македонија, Косово и со Албанија. Според извори од регионалните медиуми, турскиот претседател веќе ги испратил договорите до турскиот парламент.
Договорите вклучуваат соработка во низа воени и одбранбени области, вклучувајќи обука и образование, заеднички вежби, соработка во одбранбената индустрија, размена на разузнавачки информации, логистичка поддршка, медицински услуги, сајбер-одбрана, мировни мисии и борба против нагазни мини и импровизирани експлозивни направи. Со рамковните договори ќе се олеснат и размената на персонал, заедничкото истражување во воената наука и технологија и оперативната соработка во хуманитарната помош и мисиите за помош при катастрофи. Договорите се дел од пошироката стратегија за зајакнување на одбранбената соработка на земјите во регионот заради „спротивставување на регионални безбедносни закани“. Р.С.