Војници и возила на албанските вооружени сили заминаа за Косово за да им помогнат на жители од поплавените подрачја.
– Наши војници, со возила и соодветни апарати испративме за да ги поддржат жителите на некои општини во Косово, кои се многу сериозно погодени од поплавите, како последица од поројните дождови – напиша албанскиот премиер Еди Рама на Фејсбук.
Во меѓувреме, од Министерството за одбрана соопштија дека во северниот град Кукс, во близина на албанско – косовската граница е распореден дополнителен контингент војници и возила кои ” се подготвени да интервенираат во координација со косовските власти, во случај ситуацијата да се влоши”.
– Подготвени се да интервенираат во координација со косовските власти, во случај ситуацијата да се влоши. Со нашите браќа во добри и тешки денови – наведуваат од Министерството за одбрана.