Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година.
На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година.
– Присуството на американскиот претседател и сите лидери на НАТО во Тирана ќе биде јасна порака за новата меѓународна позиција на Албанија. Иако сме мала земја, денес сме повеќе почитувани од кога било во нашата историја – изјави Рама.
Дополнително, Рама потврди дека Албанија ќе ја забрани платформата „ТикТок“ на една година, откако платформата беше поврзана со трагичен инцидент меѓу ученици.