Албанецот што исчезна по отслужување на дел од казната за соучество во убиството на висок полицаец во Албанија пред две децении, е уапсен на аеродромот во Франкфурт, соопшти денеска германската полиција.
42-годишниот Албанец, чие име не се соопштува, бил уапсен на 31 декември додека се обидувал да отпатува за Истанбул, се вели во соопштението на федералната полиција, пренесе АП.
Германските власти потврдија дека тој е уапсен по меѓународна потерница, а тој и неговиот татко убија полицаец во 2000 година.
Осудениот Албанец беше ослободен со кауција во ноември 2017 година и оттогаш се води како исчезнат.
Албанецот сега е во притвор и чека екстрадиција во Албанија, соопшти германската полиција.