Премиерот на Словенија Јанез Јанша рече дека Европската Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори за Авганистан, пренесуваат медиумите во регионот.
– Нема да дозволиме да се повтори стратешката грешка од 2015 година. Ќе им помогнеме само на поединци кои ни помогнаа нам за време на операцијата на НАТО во Авганистан и на членките на ЕУ што ја штитат нашата надворешна граница – напиша Јанша на Твитер.
Јанша, исто така, објави уште еден твит, на англиски јазик.
– Ако жените можат да се организираат и да се борат против талибанците во некои делови на Авганистан, тогаш и мажите можат, и треба тоа да го сторат. Не е должност на Словенија или на ЕУ да им помага и да ги плаќа сите на планетата кои бегаат наместо да се борат за својата татковина – смета словенечкиот премиер.