Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ рече дека во неговиот нов мандат има намера да се позанимава со подобрување на односите со Русија.
– Црногорско-руските односи ги одредува вековна традиција на пријателство, па затоа ние сме должни, такви и денес да ги одржиме и модернизираме. И јас како претседател ќе се погрижам тоа да биде така”, изјави тој.
Ѓукановиќ истакна дека во последните неколку години дошло „непотребно влошување на односите” меѓу двете земји, поради фактот дека Црна Гора по возобновувањето на независноста „во што и Русија даде голем придонес”, направи стратешки избор во полза на членство во НАТО и во Европската Унија.
Тој вели дека Москва од самиот почеток била запозната со тоа.
– Очекуваме нашиот избор на сопствен пат сите да го почитуваат, а особено оние кои традиционално ги сметааме за наши пријатели, рече Ѓукановиќ.
Според него, заладените односи меѓу Русија и Црна Гора се првенствено резултат на променетите во глобалниот контекст и враќање на позицијата на „Студената војна” меѓу Русија и Западот.