Албанскиот министер за земјоделство, Бленди Чучи, ја објави официјалната бројка за штетата настаната од силниот земјотрес што ја погоди Албанија на 26 ноември 2019 година, а таа е 985 милиони евра.
– Тој ден ќе биде запаметен како еден од најтешките денови, 17 илјади луѓе беа раселени од нивните домови, а 202 илјади лица беа погодени од земјотресот во 11 општини. Околу 90 странски експерти на 30 јануари го завршија целиот извештај – изјави Чучи.
Тој додаде дека без овој извештај тие не можеле да се појават на донаторската конференција.
– Извештајот е подготвен според стандардите на ЕУ, Светската банка и ОН. За рекордно време се направи верификација на 50 илјади згради. Експертите оцениле дека штетата достигнува до 985 милиони евра – додаде Чучи.
Околу 90 странски и домашни експерти го комплетираа извештајот за процена на штетата. Подготвен е според сите стандарди на ЕУ, Светската банка и ОН. Во рекордно време беа обновени 50 илјади живеалишта.