Мандатарот за состав на новата словенечка влада Марјан Шарец го предаде во парламентот списокот на министри кои ги предлага во својата нова влада.
Шарец пописот на кандидати го предаде ден пред крајниот рок. Претставувањето на идните министри пред соодветните парламентарни комисии ќе се одвива од вторник до четврток следната недела.
Вчера пет партии од коалицијата на Шарец потпишаа коалиционен договор со распределба на местата во идната влада за која се очекува должноста да ја презеде кон средината на септември.
Иако формално малцинска, новата влада во парламентот со 90 места ќе располага со 52 гласа, кои им ги обезбедува соработката со партијата Левица, која останува во опозиција, а има девет пратеника.