Постојаниот претставник на Русија во Европската унија, Владимир Чизов изјави дека одлуката на Грција да протера руски дипломати е предизвикана под влијание однадвор.
– Не е можно да се објасни тоа на логичен и разумен начин. Тоа е повеќе од очигледна провокација. Толку е очигледна да не можам да верувам дека зад неа се само Грци, а добро ја познавам таа држава – изјави Чизов за Канал Росија 24.
Тој е уверен дека „надворешното влијание постои и зад правно сомнителниот договор за името на Макеоднија“.
Весникот „Катимерини“ на 11 јули објави дека Атина одлучила да протера двајца руски дипломати и на уште двајца да им забрани влез во државата поради мешање во внатрешните работи на државата и поткопување на националната безбедност на Грција.