Две лица се потешко повредени при пад на мал авион на хрватскиот остров Лошињ.
Според хрватското Министерство за море, сообраќај и инфраструктура во несреќата две лица се потешко повредени, додека другите две се полесно повредени и сами излегле од остатоците на авионот.
Сите повредени се италијански државјани.
Истрагата за несреќата е во тек.