Во Секретаријатот за развојни проекти на Црна Гора пристигнале четири апликации за стекнување црногорски пасош во рамките на програмата за економско државјанство. Од секретаријатот не ги соопштуваат имињата на странските државјани што конкурираат за црногорски пасош.
– Програмата за стекнување црногорско државјанство по пат на инвестирање се одвива според очекуваната динамика и е во согласност со предвидената процедура – велат од Секретаријатот за развојни проекти.
Програмата за економско државјанство почна да се реализира во почетокот на 2019 година и со неа се одобрува квота од 2.000 пасоши за странските инвеститори, кои ќе вложат во областа на туризмот, земјоделството и преработувачката индустрија. Засега, Владата на Црна Гора даде согласност за инвестирање на четири странски компании, кои се подготвени да вложуваат во развој на туризмот.
За добивање пасоши на ЦГ странското лице треба да уплати 100 илјади евра за развој на помалку развиените општини, или најмалку 450 илјади евра за вложување во развојните проекти во Подгорица или во приморскиот регион. За инвестирање во северниот дел на државата е потребно да се вложат 250 илјади евра. Апликантот треба да уплати 15.000 евра за себе, по 10.000 евра за четиричлено семејство и по 50.000 евра за секој следен член на семејството, пишува весникот „Вијести“.