Германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот изјави дека цртањето на нови граници е опасен пат, реагирајќи на наводниот предлог на словенечкиот премиер Јанез Јанша.
Тој исто така рече дека иднината на земјите од Западен Балкан е само во мултикултурните и мултирелигиски општества.
– Земјите од Западен Балкан имаат иднина само како мултиетнички и мултирелигиски општества. Регионалното помирување и соработка се клучевите на мирот, демократијата и просперитетот. Поставувањето нови граници е опасен пат – рече Рот.
Германскиот државен секретар на тој начин се приклучи на официјалниот став на ЕУ дека на Западен Балкан треба да се работи на регионално помирување и соработка, а не на промена на границите.
Германскиот министер за европски прашања реагираше на нон-пејпер предлогот на словенечкиот премиер Јанез Јанша за промена на границите на Балканот, во кој се споменува обединување на Албанија со Косово и дел од Македонија, како и одвојувањето на Република Српска од БиХ.