Во 2009 година беше објавен еден декласифицираниот извештај на ЦИА од мај 1972 год. Станува збор за опширен извештајот на 195 страни во кои се образложени истражувањата и анализите на американските разузунавачки служби.
Од денешна перспектива интересни се неколку забелешки на ЦИА. Според извештајот, македонското малцинство живее во југозападните делови на Бугарија и кај него можат да се забележат одделни македонски национални чувства.
Во однос на составот на населението се вели дека во 1967 години во бугарската држава живееле 85,3 отсто Бугари, 8,5 отсто Турци, 2,6 отсто Роми, 2,5 отсто Македонци, 0,3 отсто Ерменци и итн. За Македонците во фуснота се потенцира дека од 1958 година Бугарија го негира постоењето на оделна национална група – Македонци, и дека за последен пат во државниот попис на Бугарија, графата Македонци се забележува во 1956 година, и врз основа на овој попис се вели дека во Бугарија живеат 187,789 Македонци, односно 2,5 отсто од вкупното население.
Секое малцинство подетално се разгледува во извештајот, а за Македонците се вели дека најголемиот дел од нив живеаат во погранините делови со Југославија и Грција, и дека еден дел од овие Македонци мечтаат за обединета Македонија.
Според ЦИА, бугарската држава ги забранува сите политички активности кои се поврзани со македонскиот национализам и ги загушува сите културни активности кои се уникатни за Македонците, како што се песните и фолклорот. На Македонците во споредба со Турците, им забранува да имаат училишта со нивниот природен јазик.
Според извештајот, тврдото бугарско стојалиште води кон намалување на бројот на Македонците во пописот од 1965 година, како оправдување пред Југославија дека нема Македонци во Бугарија.