Кучиња трагачи од Хрватска со хеликоптер полетаа кон Албанија за да се приклучат во потрагата по жртвите и повредените во силниот земјотрес кој изутринава ја погоди земјата.
Хрватската владата донесе одлука да испрати хеликоптер на хрватската армија во Албанија, заедно со специјализиран тим за спасување од урнатините.
Хрватското здружение за обука на кучиња за пребарување, на својата Фејсбук страница објави дека нивните екипи се мобилизирани утрово од страна на Дирекцијата за цивилна заштита за помош и поддршка на албанските служби за заштита и спасување.
Голем интерес предизвика фотографијата на куче како гледа низ прозорецот на авионот што лета за Тирана, којашто тие ја објавија заедно со пораката: „Ајде да го направиме она за коешто вежбавме со години и се надевавме дека никогаш нема да се случи“.