Дополнителни 12 гранични премини се опремени со детектори кои со сензори ги следат отчукувањата на срцето со цел да откријат мигранти скриени во камиони, тврдат од хрватското Министерство за внатрешни работи.
Тоа се уреди што преку сеизмички сензори ги регистрираат минималните вибрации на луѓето во затворен простор, а резултатите се прикажани на лаптоп.
Веќе во првата недела на употреба, уредите дале резултати и откриени се повеќе нелегални мигранти, соопшти хрватското Министерство за внатрешни работи.
Уредот е целосно приспособен на корисникот и е лесен за употреба, велат од Министерството.