Едно лице почина, а 26 се заболени од западнонилски вирус, соопшти Хрватскиот завод за јавно здравје.
Од минатата недела, во Хрватска се забележани 10 нови случаи од тој вирус, се наведува во соопштението и се додава дека сите новозаболени лица се од северозападниот и источниот дел на Хрватска.
Според податоците на Европскиот центар за спречување и сузбивање на болести, до 30 август на подрачјето на Европа се забележани вкупно 710 случаи на инфицирани со вирусот Западен Нил.
Најмногу случаи се забележани во Италија- 327, 213 во Србија, 147 во Грција, 117 во Романија и 96 во Унгарија.