Првиот Хрват кај којшто беше потврдена инфекција со коронавирус, е вработен во технолошка компанија „Ериксон Никола Тесла“ и бил на работа во петокот.
Во Милано тој бил на фудбалски натпревар на Лига на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија. Девојката со која бил во Милано сè уште не е тестирана за вирусот.
Двајцата во Милано престојувале од 19 до 21 февруари.
По враќањето, тој бил на работа во петокот и чувствувал одредени симптоми, но ги препишал на настинка или грип.
– Вработениот во петокот беше на работното место во Загреб. Според нашите информации во неделата тој бил примен во болница, а дополнително е утврдено присуството на коронавирусот – велат од компанијата.
Додаваат дека покренале постапка за делување предвидено во кризни ситуации и се во директен контакт со службите.
Девојката и сите други со кои бил во контакт ќе бидат тестирани.
Првиот коронавирус во Хрватска беше утврден денеска.