Претседателот на Косово Хашим Тачи истакна дека ќе одговори позитивно доколку добие покана од Судот во Хаг што ги истражува злостосторствата врз Србите за време на воениот конфликт во 1998-99 година, објавува „Асошиејтед прес“.
– Ако има каква било покана, во кое било време, јас ќе одговорам со потполна транспарентност – рече Тачи на вчерашната прес-конференција, повикувајќи ги и другите да го следат неговиот пример.
Специјалниот суд на Косово беше покренат четири години по објавувањето на извештајот на Европскиот совет во кој се наведени обвинувања за злосторствата починети од Албанците во рамките на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Тачи, исто така, ја критикуваше одлуката на косовската влада за наметнување на таксите на српските производи, која е најавено дека ќе биде во сила, се додека Белград не го признае Косово, односно додека не престане да го блокира приемот на Косово во меѓународните институции. Од друга страна, Србија одбива да преговара со Косово, додека не бидат укинати таксите.
– Косово не треба да создава пречки и потешкотии при дијалогот. Треба да истакнеме позитивни аргументи. Не треба да допуштиме Србија да добие отстапки во дијалогот – порача Тачи.