Претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај поднесе оставка од лидерското место во партијата. Тој пред неколку месеци поднесе оставка од премиерската функција.
До изборот на ново раководство на партијата, Харадинај ќе ја извршува функцијата вршител на должност претседател на Алијанса за иднината на Косово.
„Поднесов оставка на лидерското место во партијата. Тоа го направив на последното собрание што го одржавме. Ќе ја извршувам должноста само до партиските избори“, изјави Харадинај.
Тој истакна дека се поставени нови изборни критериуми во партијата на сите нивоа, кои меѓудругото, се однесуваат и на организирање пет одделни ограноци во Приштина.