Косовскиот премиер Рамуш Харадинај, на денешниот состанок на владината Работна група за изработка на Нацрт-стратегија за безбедноста, изјави дека Косово треба да е способно самото да се брани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Харадинај по состанокот порача дека Стратегијата треба да биде одговор на секаков вид закани кон сите граѓани на Косово, а земјата треба да биде „способна да се заштити себеси во сите димензии наспроти потенцијалните закани“.
– Стратегијата за безбедност е одговорот кој институциите на земјата треба да го имаат во секој случај и за сите предизвици за гарантирањето на животот на сите граѓани на Косово, без оглед на нивната припадност, на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата и на уставниот поредок, напиша Харадинај на Фејсбук.