Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му одговори на рускиот претседател Владимир Путин, кој за српските медиуми изјави дека САД се дестабилизирачки фактор на Балканот, порачувајќи дека токму Русија е таа која со својата политика му нанесува штети на регионот.
Според Харадинај, што поголемото присуство на САД на Балканот значи повеќе мир, стабилност и развој, додека руското присуство го има спротивниот ефект.
– На изјавите на претседателот на Русија, Владимир Путин, дека политиките на САД и западните сојузници се дестабилизирачки фактор на Балканот, ќе одговорам дека Америка и НАТО на Балканот подразбира повеќе мир, стабилност и развој. Активното руско присуство на Балканот го подразбира токму спротивното. Косово доаѓа во мир, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.