Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу изјави денеска дека ФБИ почна сериозна истрага во врска со т.н. Фетулахистичката терористичка организација „ФЕТО“.
Чавушоглу прецизираше дека на некои места, вклучително и во државата Њу Џерси, спроведени се неколку апсења.
Турција го обвинува исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, и неговото движење за организирање на обидот за преврат во јули 2016 година.
Чавушоглу и вчера рече дека американскиот претседател Доналд Трамп му кажал на својот турски колега Реџеп тајип Ердоган дека Вашингтон работи на екстрадиција на Ѓулен.
Турција одамна бара екстрадиција на Ѓулен, кој живее во САД близу 20 години. Ѓулен негира секаква поврзаност со обидот за преврат.