Учесниците на протестот Сојуз за Србија во Нови Сад синоќа поставија голем постер со решетки на централниот Плоштад на слободата зад кој го „ставија“ српскиот претседател Александар Вучиќ и неговите соработници.
На постерот пишуваше „Бахами или Забела“ и на него симболично во Казнено-поправниот завод Забела ги испратија Александар и Андреј Вучиќ, Милош Вучевиќ и Слободан Милиќ Бочар, за наводна „незаконско работење“.
Претходно, на протестен собир, режисерот и писател Милан Белегишанин рече дека српските граѓани заборавиле што е тоа култура.
– Тоа постоење и порано, но сега целата држава е риалити. Српската напредна партија риалити го доведе до совршенство, т.е. до апсурд и на апсурд го претвори целиот наш живот. Она што тие го прават е атак на менталната хигиена – рече Белегишинин.