Две лица загинаа, а едно е исчезнато во невремето што предизвика поплави во централна Грција. Ураганот ги опустоши островите во Јонското Море, како и регионот Кефалонија.
Утрово споделено е видео на кое може да се види поплавениот регион и фармери кои ги спасуваат своите домашни животни. Инаку, телото на првата жртва беше пронајдено вчера во нејзината поплавена куќа во село во близина на градот Фарсала, а подоцна телото на 63-годишен маж е пронајдено недалеку од болницата во градот Кардица.
Најмалку два моста и неколку згради беа оштетени при излевање на река. Жената која се води како исчезната, го игнорирала предупредувањето на пожарникарите и полицијата да не се вози во областа каде што реката го преплавила мостот. Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата. Грчката противпожарна служба соопшти дека примила скоро 2.500 повици за евакуација на затрупани жители и за отстранување на дрвјата што ги блокирале патиштата.