Човек што се лекувал од Ковид-19 во атинска болница е уапсен под сомнение за убиство на друг пациент откога го исклучил од респиратор, соопшти денеска грчката полиција.
Полицијата соопшти дека осомничениот, чие име не е соопштено, останаува под стража во атинската болница сѐ додека не закрепне, пренесе агенцијатa „Ројтерс“.
Пациентот (76), кој исто така се лекувал од ковид-19, починал во средата вечерта откога лекарите од болницата „Црвен крст“ утврдиле дека му е изваден респираторoт без знаење на доктор.
Двајцата пациенти лежеле на истото одделение, информираат од полицијата.