Во Белград синоќа е убиен познатиот адвокат Драгослав Миша Огњановиќ, а според локалните медиуми, во нападот, кој е извршен пред влезот на зградата во која живее, бил повреден и неговиот 26-годишен син.
Полицијата го блокираше местото на инцидентот и изврши увид. Во тек е интезивна потрага по убиецот на адвокатот.
Еден очевидец тврди дека по истрелите видел маж облечен во црно, со качкет на главата, како бега од местото на злосторството.
Огњановиќ (57) му беше адвокат на Лука Бојовиќ, водачот на „Земунскиот клан“, како и на членовите на неговото семејство, а исто така беше и еден од бранителите на Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, но и на неговата сопруга Мира Марковиќ.