Грчката полиција соопшти дека 36-годишeн маж е приведен на испитување по нападот на анархистичката група „Рувиконас“ (Рубикон) врз зградата на парламентот во Атина, пренесе агенцијата АНА.
Според информациите, приведениот е член на оваа анархистичка група која ја презеде одговорноста за фрлање на димни бомби и црвена боја на ѕидовите на парламентот.
Членовите на „Рувиконас“ претходно денеска на интернет објавија дека тоа ќе го сторат во знак на поддршка за осудениот терорист од ултралевичарската организација „17 Ноември“, Димитрис Куфодинас.
АНА додава дека уапсениот анархист од „Рувиконас“ ќе биде изведен пред обвинител.