Двајца новинари нa албанските медиуми „Сири.нет“ и „Шекули“ се уапсени за наводно објавување лажни вести во кои се најавува катастрофален земјотрес и ги повикуваат граѓаните да ги напуштат своите домови, соопштија од албанската полиција.
Аурел Ракиплари од порталот „Сири“ и Даниел Гриц од „Шекули“ се уапсени за ширење лажни вести и паника кај граѓаните.
По објавувањето на информациите, во кои новинарите ги наведоа процените на грчки астролог, реагираше премиерот Еди Рама, нарекувајќи го тоа „лажна вест“, што е кривично дело на ширење паника.
„Секој идиот што пишува вести за земјотрес треба да биде санкциониран“, напиша Рама на својот профил на Фејсбук. Веднаш потоа беа уапсени двајцата новинари.
Полицијата соопшти дека формирала специјална истражна група што, наводно, целосно ќе го открие потеклото на оваа злонамерна вест, која создала страв и паника кај граѓаните, пренесе Макфакс.