Анкара, наводно, го уценува НАТО и одбива да го потпише предложениот одбранбен план за Балтичките земји и Полска ако Алијансата официјално не ја означи милицијата предводена од Курдите во Северна Сирија како терористичка група, пренесува РТ.
Согласувањето околу новиот план за одбрана на НАТО за земјите од Источна Европа ескалираше од формалност во вистинска дипломатска битка, објави Ројтерс, повикувајќи се на четири високи извори во рамките на блокот.
– Турците ги земаат како заложници источноевропејците блокирајќи го одобрувањето на ова воено планирање сè додека не добијат отстапки – рекол еден од изворите.
На амбасадорот на Турција му беше наложено да не го потпишува планот – кој треба да биде едногласно одобрен од сите членки на НАТО – се додека Алијансата не ги означи Единиците за заштита на народот во Сирија (YPG) како терористи.
YPG е основна група во рамките на т.н. милиција на Сириските демократски сили (SDF), која неодамна стана мета на нов турски напад. Иако групата е долгогодишен сојузник на САД и се бореше против Исламска држава, Анкара ја смета за подмладок на забранетата Курдска работничка партија (ПКК) – означена од САД и од Турција за терористичка организација.
Полска и трите балтички држави – Естонија, Латвија и Литванија – побараа зголемено финансирање и воено присуство од НАТО, тврдејќи без докази дека се соочуваат со непосредна закана од агресија од Русија.