Турското обвинителство денеска побара доживотна затворска казна за повеќе од 200 луѓе, меѓу кои има и поранешни генерали, обвинети дека го предводеле неуспешниот воен удар во 2016 година.
Обвинителството побарало изрекување доживотен затвор на Акин Озтурк, поранешен командант на воздухопловните сили и за другите обвинети.
Обвинителниот акт ги товари за злосторства против државата, предводење на вооружени терористички групи, обид за убиство на претседателот, како и за смртта на 249 лица.
Ова е само едно од неколку судења во Турција поврзани со неуспешниот пуч, кој, според тврдењето на власта, го покренале следбеници на имамот Фатулах Ѓулен.
Муслиманскиот проповедник Ѓулен, кој живее во егзил во САД, ги отфрла обвинувањата на Анкара.