Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар изјави дека враќањето на бродот „Оруч Реис“ за истражување крај јужниот брег на земјата не значи дека Анкара се откажала од своите права во Источниот Медитеран.
Во изјава за државната новинска агенција Анадолија, Акар рече дека враќањето на бродот е дел од планираните операции, пренесува „Ројтерс“.
„Оруч Реис“ денес се врати во водите во близина на Анталија, потег што Грција го опиша како прв позитивен чекор во ублажување на тензиите околу крајбрежните природни ресурси.
Грција и Кипар ја обвинуваат Турција за потрага по наоѓалишта на нафта и гас во нивните води, додека Анкара вели дека има еднакви права како нив на ресурсите во тие води.
Турција испрати истражувачки бродови во спорната област, а членките на ЕУ испратија бродови за поддршка на Грција.