Најмалку 27 лица ги загубија животите во поплавите што ги погодија турските градови во крајбрежната зона долж Црното Море, објави денеска Службата за вонредни ситуации, што е втора голема природна катастрофа во Турција овој месец.
Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот на земјата, властите се бореа со огнот две недели, но тие објавија дека ситуацијата сега е под контрола, објави „Ројтерс“.