Странска државјанка која престојувала во Словенија била касната од поскок, змија отровница, во моменти кога се обидела да ја фати змијата.
Инцидентот се случил додека таа ги обиколувала словенечките планини во северозападниот дел на земјата, а потоа со хеликоптер била итно пренесена во Клиничкиот центар во Љубљана.
Како што пренесуваат словенечките медиуми, таа изјавила дека мислела оти во Словенија нема отровни змии.
Според информациите од болницата, животот на пациентката не е во опасност и таа веќе се чувствува подобро.
Од почетокот на годината четири лица се пријавиле во болница во Љубљана поради каснувања од отровни змии, а тројца примиле антисерум.
Ретко се случува змија да касне некого, но ако ви се случи тоа, лекарите советуваат дека е важно да го забележите изгледот на змијата, по можност дури и да ја фотографирате, да ја исчистите раната и веднаш да побарате лекарска помош.