Косовската полиција соопшти денеска дека уапсила три лица осомничени за тероризам, додека четврто лице е уапсено во Германија врз основа на меѓународна потерница издадена од косовски суд.
Апсењата се извршени во два косовски града по повеќемесечна истрага.
Не е познато дали осомничените планирале терористички напади.
На почетокот на месецот на Косово биле уапсени две лица под сомнение дека планирале напади врз војници на НАТО.
Според податоците на косовските власти, околу 300 државјани на Косово отишле да се борат за Исламска држава во Сирија. Над 50 загинале, а останатите се сметаат за потенцијална опасност ако се вратат.