Четири лица, вклучувајќи и едно бебе, загинаа кога брод со илегални имигранти потона во турските води на Егејското Море, соопшти денеска турската крајбрежна стража.
Чамецот со имигранти од Иран и од Авганистан, кои се обидувале нелегално да преминат на грчкиот остров Лезбос, потона во областа Ајваџик во северозападната покраина Чанаккале, а причината се уште не е позната.
Потрагата беше стопирана откако беа спасени мигрантите, кои кажале дека на бродот биле вкупно 15 лица.
Турција е главен пат за нелегални имигранти што се обидуваат да влезат во Европа, особено од 2011 година, кога почна граѓанската војна во Сирија.