Телото на 63 годишен Албанец било откриено во понеделникот наутро во Грција. Мажот бил застрелан од близина и неговото тело било фрлено во канал, во близина на Спартера(на островот Крф), јави албанската телевизија Топ Ченел.
Во неделата, 35 годишен Албанец бил пронајден мртов во ќелијата во затворот Трикала(на 50 километри источно од Лариса). Властите сѐ уште не го коментирале случајот пред медиумите. Ова е втор затвореник што умира во истиот затвор. Првиот, Илир Карели, е снимен на видеото на кое се гледа како стражарите го измачуваат пред да умре.
Исто така, пред неколку дена друг Албанец бил застрелан на границата меѓу Албанија и Грција во престрелка со грчката полиција.