Претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани денеска во Софија изјави дека за Европската унија клучна е стабилноста на Западен Балкан.
– Во следните месеци мора да се занимаваме со Западен Балкан се повеќе и повеќе, оцени Тајани.
Пред состанокот на претставниците на Европските народни партии, кој се одржува пред Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, Тајани изјави дека е добро што се разговара за ситуацијата на Западен Балкан.
Тој уште нагласи дека мора да се зајакне економската соработка во многу земји од регионот и потсети дека Србија и Црна Гора веќе се кандидати за членство во ЕУ.
– Мој предлог е повеќе пари да се вложат во инфраструктурата на Западен Балкан, изјави Тајани.