„Да живее Трст, да живее италијанска Истра, да живее италијанска Далмација“, изјави претседателот на Европарламентот Антонио Тајани во говорот по повод Денот на сеќавање на жртвите на егзодусот од Истра, Риека и Далмација, одржан во италјанската месност Базовица. Со оваа изјава тој предизвика бурни реакции во Хрватска и Словенија.
На својата Фејсбук страница Тајани објави и видео од настанот, наведувајќи дека оддава почит на паднатите жртви на омразата кон Италијанците, спроведени од „оние кои на униформите носеле црвена ѕвезда“ и дополни дека во Европскиот Парламент ќе потсети на „трагедијата поврзана со Истра“.
Тој рече дека Трст го симболизира националниот идентитет на Италијанците, кои таму многу страдале.
– На крајот, благодарејќи на вистината и правдата – победија и поради тоа денеска го славиме споменот на тие страшни години и се надевам дека никогаш нема да се повтори. Успеавме да избегнеме засекогаш да згасне светлото над настаните во Трст – рече Тајани. Тој дополни дека не смее да се дозволи во Венецуела, каде живеат многу Италијанци, да се повтори „комунистичка диктатура како онаа на Тито“.
Хрватскиот портал „Индекс“ наведува дека идејата за италијанска Истра и Далмација била една од главните начела на италијанскиот фашизам од 20-те години на минатиот век. Индекс потсетува дека со таен Лондонски договор од 1915 година Италија се обврзала дека ќе војува на страната на Антантата, но за возврат побара голем дел од источнојадранскиот брег, кој тогаш бил дел од австро-унгарската монархија, а по војната, во ноември 1918 година, италијанската војска окупирала голем дел од Далмација.
Две години подоцна, потпишан е Рапалскиот договор меѓу тогашното Кралство СХС и Италија, согласно кој на Италија и припаднале Трст, Горица, Градишка и дел од регионот Крањска, Истра, Задар, островите Црес и Лошињ, Ластово и Палагружа. По Втората светска војна, партизаните ги ослободија Далмација и Истра.
Изјавата предизвика бура од реакции во Хрватска и Словенија, каде беше посочено дека говорот на Тајани не наликувал на претседател на Европскиот парламент, туку на член на партија, кој е во предизборна кампања.
Today, I paid my respects to the martyrs of the “foibe” massacre in Italy. Peace in Europe was hard-fought and achieved thanks to unity. We must commemorate all victims of every war and dictatorship. pic.twitter.com/SbsJGJa569
— Antonio Tajani (@EP_President) February 10, 2019