КОСОВО

Косовскиот претседател Хашим Тачи пишувањата во медиумите за можна размена на територии и поделба на Косово ги нарече „лажни вести“ што внесуваат забуна во јавноста.

– Не ги коментирам медиумските наводи за мислења што немаат адреса. Косовските институции би требало да работат на широко заснован консензус и за продолжување на дијалогот – изјави завчера Тачи.

Тачи не сакаше да ги коментира идните разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ за можно отстапување на езерото Газивода.

Косовскиот весник „Коха диторе“ објави информација дека Приштина би се согласила на размена на езерото, кое е во северниот дел на земјата, за Прешево и дел од Бујановац во јужна Србија, во кои Албанците се мнозинство од населението.