Платформата на косовоската Влада за дијалогот со Србија, според која претседателот Хашим Тачи треба да го води овој процес во финалната фаза, ја нема поддршката од повеќето парламентарни партии во земјата, меѓу кои и од една која е на власт.
Освен поддршката од неговата Демокртска партија на Косово (ПДК) и од Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот Рамуш Харадинај, на платформата се спротивставуваат опизициските Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Самоопределување (ВВ) и Социјалдемократската партија (ПСД), но и владејачката Иницијатива за Косово (Нисма) на Фатмир Лимај.
-Со оглед дека, како што стојат работите, оваа платформа не може да се очекува да резултира со некој поширок политички консензус, аналитичарите сметаат дека Тачи треба да се повлече од процесот, бидејќи е очигледно дека тој е пречката за консензусот, пишува денешен „Зери“.
Сите споменати партии кои се противат на раководењето на преговорите од страна на претседателот, децидно се изјаснија дека Тачи не е соодветната личност за овој процес, затоа што го сметаат за фактор на политички раздори во земјата.