Претседателот на Косово, Хашим Тачи пред денешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која ќе се расправа за трансформацијата на Безбедносните сили на Косово (ФСК), порача дека таа воена сила не претставува закана и не треба никого да плаши.
– Ќе учествувам денеска на една итна седница свикана за Косово. Вистината треба да се каже, трансформацијата на Безбедносните сили на Косово не е повод за стравување, туку за славење. Посветеноста на Косово е да имаме мултиетнички институции. Нашиот фокус сега е на дијалогот и за место на Косово во ОН – напиша Тачи на Твитер.