Фотографијата од кучето кое лежи покрај една од жртвите во земјотресот во Драч, затрупана во урнатините, привлече големо внимание на социјалните мрежи, измамувајќи многумина кои ја споделуваа на Интернет.
Станува збор за стара фотографија направена пред повеќе години, која нема никаква поврзаност со земјотресот во Драч, што некои, сепак, го забележаа. Сликата е наменски направена за илустрација на несреќи и земјотреси и може да се купи на Интернет.
Меѓу измамените се бројни луѓе кои сакаа да изразат сожалување по трагедијата во Албанија, да апелираат за помош, но и повеќе регионални медиуми кои ја објавија сликата, за набргу да ја тргнат, кога увидоа дека не е поврзана со земјотресот во Албанија.
„Малку поискусно око може да забележи дека нешто на фотографијата не е како што треба“ се наведува во еден од коментарите на Интернет, додека други посочија дека раката која излегува од урнатините воопшто не е изгребана, ниту крвава. Всушност кучето не е поврзано со Драч и со урнатините.
Дел од медиумите го споделуваа кучето од фотографијата со приказната за Хачико, кој е синомим за лојалност. Хачико е пес од јапонската раса акита што стана познат во 1932 година по репортажата на еден јапонски новинар за верноста на кучето, кое на железничка станица, со години го чекало својот починат сопственик да се врати од работа.
„Ова е модерниот Хачико кој не се оддели од сопственикот“ „За време на земјотресот во Албанија, ова лојално куче остана со неговиот сопственик додека помошта да стаса“, „Кучето не го напушти сопственикот за време на земјотресот“, „Не ги заслужуваме кучињата“, „Една слика вреди илјада зборови. Фотографија направена во Драч по земјотресот. Споделувајте колку што можете“, „Фотографија направена по земјотресот во Драч, кучето бара помош и се обидува да го спаси животот на човекот“, се само дел од споделените коментари на Фејсбук.
*Photo of the day*
I’m sobbing. This is from #Durres #Albania after the earthquake. If this picture is real, this is a perfect example why we just don’t deserve these loyal creatures. There’s a reason why they call dogs “a man’s best friend.” If your heart doesn’t melt when (1/4)— Kushal Roy (@itskushalroy) November 26, 2019
My heart just broke. This is from Durres Albania after the earthquake. The faithfulness of a dog can never be underestimated. #prayforalbania https://t.co/l2qunftn6Y
— Thomas Gillen (@ThomasGillen) November 26, 2019
Треба да се истакне дека фотографијата, сепак, беше споделена во најдобра намера, со цел да се апелира за помош и да се изрази сочувство за трагедијата во Албанија, без разлика што не е автентична. В.Т.