Стотина пожарникари се на терен и го гаснат пожарот што избувна во близина на одморалиштето Лутраки, на 81 километар западно од Атина, јавуваат грчките медиуми.
Очевидци за весникот „Катимерини“ изјавиле дека чадот стигнал до градот и дека пожарот се приближува до манастирот Агиос Патапиос во ридовите над Лутраки.
Неколку десетици луѓе беа евакуирани од загрозената област.
Противпожарната служба соопшти дека во гасењето на огнот биле вклучени повеќе од стотина пожарникари, неколку хеликоптери и два авиона.