Србија нема да биде тампон-зона за мигранти, а тоа не беше ниту предмет на неодамнешен состанок на лидерите на ЕУ, рече денеска српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, по повод некои толкувања за тој состанок.
Некои од земјите-членки имаат идеја оти миграциските центри треба да бидат надвор од нивните територии и дека тие треба да бидат во земјите од Северна Африка, но не е постигнат договор за тоа прашање- рече Стефановиќ за „Танјуг“.
– Фокусот на Самитот беше да се постигне решение за еднакво преземање на одговорност на сите земји-членки, кога се во прашање мигрантите кои пристигнуваат на териториите на Грција и Италија, каде што повторно е забележано дека постои јаз меѓу земјите од Централна Европа, кои одбиваат да бидат дел од предложеното европско решение и држави Западна Европа, која инсистира на принципот на солидарност- додаде тој.
– Наводи за Србија како тампон-зона имавем и во текот на претходните години, кога околу милион мигранти поминаа низ Србија. Нашата земја ниту тогаш не стана центар за собирање мигранти, ниту ќе биде во иднина- рече Стефановиќ.