Пратениците на српскиот парламент одбија дневниот ред на денешната седница да го прошират со расправа за предлог резолуцијата за геноцидот во Сребреница, кој го поднесе пратеникот на Партијата за демократска акција на Санџак Енис Имамовиќ.
Имамовиќ, објаснувајќи го предлогот, кажа дека резолуцијата е потребна по сите пресуди на Хашкиот трибунал, а за мир и помирување на бошњачкиот и српскиот народ.
Целта на резолуцијата е да се забрани секакво пропагирање на геноцидот, величење на воените злосторници и величење на геноцидот над бошњачкиот народ, објасни тој.
Имамовиќ како пример за тоа величење на геноцидот и воените злосторници го наведе најновиот случај на ракометен натпревар во Нови Пазар и однесувањето на навивачите на Црвена звезда, и констатираше дека одговорност за тоа има и собранието, кое „со молчење ги поддржува овие идеи и геноцидни намери“ на спортските манифестации.
„Тоа е резултат на одобрувањето кое го дава државниот врв на Србија, кој често го величи геноцидот, а неретко и воените злосторници“, кажа тој.
Предлогот на Имамовиќ не беше прифатен, како ни тој што го дадоа пратениците на Движењето на социјалистите, да се донесе одлука за формирање комисија за истрага и утврдување на бројот на жртвите на НАТО агресијата во 1999 година.